Фудбалот е популарен спорт на сите континенти, а фотографии и снимки од места во африканската земја Танзанија покажуваат дека најважната споредна работа на светот со огромен интерес се гледа и таму.
Главна причина што на голем екран и групно со голема масовност се гледаат мечевите е фудбалерот на Астон вила, Мбвана Самата. Клубот од Бирмингам синоќа со драматична победа над Лестер се пласираше во финалето на ЕФЛ купот на „Вембли“ и тоа донесе незапамтено славење во Танзанија.
Самата во Астон вила дојде пред една недела од Генк и стана првиот танзаниски фудбалер кој заиграл за клуб од англиската Премиер лига.
https://twitter.com/i/status/1222277601651195905