Бункерот на Вардар издржа против Црвена ѕвезда

Вардар одигра 0-0 против Црвена ѕвезда и ја оствари целта да не прими гол на овој пријателски меч на подготовките во Анталија. Вардарци не беа опасни по голот на тимот кој играше и во Лигата на шампионите, но барем се одбранија и не примаа голови како на претходните пријателски мечеви против Хајдук, Динамо Киев и Бачка Топола.

Најголемата шанса за Ѕвезда, која напаѓаше и редеше шанси, се случи во 70-тата минута, кога српскиот првак ја погоди стативата.

Сега на Вардар му останува на 2 и 3 февруари да се обиде да дојде и до прва победа во Анталија бидејќи игра со Борац Бања Лука, односно Мура од Словенија.

 

- Оглас -

Најнови вести