Челзи им се врати на победите, „стоп“ за серијата на Арсенал

Челзи ескпресно им се врати на победите во Премиер лигата по драматичното реми од 2-2 со Јунајтед, па денес убеливо славеше на гостувањето какј Барнли со 4-0. Притисокот на „сините“ им обезбеди водство во 22-та минута, го постигна Мората, додека останатите три погодоци ги реализираа во второт полувреме.

Баркли по асистенцијата се запиша и во листата на стрелци во 57-та минута, а потоа повторно асистираше, овој пат кон Вилијан за убедливи 3-0. Конечниот резултат го постави младиот Лофтис-Чик во судиското надополнување.

Арсенал не успеа да ја продолжи победничката серија на осум во англискиот шампионат, откако со Кристал палас одиграа реми од 2-2. Домаќините беа поконкретни во првиот дел, па кон крајот на полувремето дојдоа и до заслужената предност. Дефанзивецот Мустафи направи прекршок во казнената зона, а Миливојевиќ од белата точка погоди за 1-0.

Сепак, „топчиите“ очекувано притиснаа и за кратко време направија пресврт. Џака израмни во 51-та минута, а Обамејанг постигна сомнителен погодок само пет минути подоцна, но гол-линија технологијата го потврди како регуларен. Во 82-та минута повторно беше досуден пенал во корист на Кристал палас, а спрскиоте репрезентативец одново ја затресе мрежата за конечни 2-2.

Челзи до утре ќе престои на второто место со 24 бода, по денешниот седми триумф по 10 кола, Арсенал ја пропушти шансата да се искачи на третото место, со нивното прво реми за оваа сезона имаат 22 бода.

- Оглас -

Најнови вести