Пјонтек веднаш ќе почне да решета за Херта, а прв ќе настрада Шалке

Херта Берлин – Шалке 04 (20:30ч, Бундеслига)

Во последните денови од преодниот рок Херта доведе големо засилување во нападот, во Берлин пристигна Кжиштоф Пјонтек, полскиот пиштолџија кој има нова мисија да ја покори Германија. Како играч на Џенова и Милан ги докажа голгетерските квалитети, иако во првиот дел од оваа сезона не наликуваше на себе.

Лош резултат за Шалке ќе значи заостанување во трката за едно од четирите места што водат во Лигата на шампионите. Тимот од Гелзенкирхен на последните пет гостувања во главниот германски град победи само еднаш, загуби двапати, додека во последната средба издвои реми при конечни 2-2. Од два до четири погодоци е стандарден учинок кога овие две екипи се среќаваат на Олимпискиот стадион.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.35)

 

Рен – Нант (20:45ч, Лига 1)

Рен засега се наметнува за местата кои носат излез во Европа, а со евентуален триумф вечерва, ќе се зацврсти на третата позиција пред Монпелје. И Нант добро се држи, има еден триумф повеќе отколку порази по 21 лигашки меч, што го држи високо на шестата позиција, а секој освоен бод  е шанса за повисок пласман.

Во меѓусебните дуели против Нант, Рен има солиден биланс на домашен терен и е без пораз во последните пет средби, од кои две се победи. Два гола се просек кога играат овие две екипи меѓу себе, а и нивниот учинок во досегашниот дел од лигата потврдува дека и Рен и Нант се екипи кои погодуваат, но и примаат голови речиси на секој меч.

Предлог тип: ГГ (2.20)

 

Кардиф – Ридинг (20:45ч, Шампионат лига)

Кардиф од премиерлигаш за помалку од една година стана просечен второлигашки тим. Местата преку кои се обезбедува пласман за разигрување се далеку од Канаринците цели пет бода, а ако се земе предвид нивната конкуренција, тешко дека Кардиф ќе се избори за експресно враќање во елитата.

Дуелот против исто така поранешниот премиерлигаш, кој е во лоша серија од четири меча без победа, за домаќините треба да значи шанса да се освојат три бода и да си ги повратат шансите за топ 6. Ридинг успеа да остане непоразен на последните две гостувања во Велс, притоа да не приминиту еден гол, но вечерва нема да се спаси толку лесно.

Предлог тип: 1 (2.20)

 

Башакшехир – Генчлербирлиги (18ч, Суперлига)

Башакшехир немаше пораз во турското првенство од август минатата година, кога загуби на домашен терен од Фенербахче, а токму градскиот ривал го совлада повторно во претходното коло. Затоа домаќините вечерва експресно ќе се вратат во победнички ритам со цел да останат во трката за шампионската титула.

Генчлербирлиги последен пат славеше во 2012 година на гости кај Башакшехир, а во наредните четири меча претрпе три порази, додека се избори за бод во последната средба. Домаќините оваа сезона само еднаш ги разочараа своите навивачи, така ќе остане и по овој дуел.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.77)

 

Валенсија – Панатинаикос (21ч, Евролига)

Во Валенсија се игра еден од двата вечерни дуели од Евролигата. Лилјаците го пречекуваат ПАО во обидот да се реваншираат за поразот во Атина кој го претрпеа во ноември минатата година. Потребен ѝ е триумф на Валенсија за да го задржи осмото место на табелата по ова коло, за кое се борат и Фенербахче, Ц. ѕвезда, Олимпијакос, Химки, Жалгирис и Басконија.

Но и кошаркарите на Рик Питино имаат цел што порано да обезбедат пласман во разигрувањата, а добро ќе им дојде и ако го одржат победничкиот ритам и во четвртиот меч во низа во ова натпреварување. Во претходната средба двете екипи ги покажаа напаѓачките квалитети, овојпат може да пресуди подобрата одбрана.

Предлог тип: <173,5 поени (1.87)

- Оглас -

Најнови вести