Нола е подготвена за спектакл со најголемите таленти во НБА

Детроит пистонс – Торонто репторс (НБА, 01 часот)

Торонто бие битка за продолжување на импресивната серија и ако успее да триумфира ќе стаса до 10. победа по ред. Освен центарот Марк Гасол сите останати клучни кошаркари на шампионите се во строј и газат се пред себе во втората половина на јануари.

Детроит е во сосема спротивен мод и има 4 порази по ред. Голем проблем за Пистонс е што не игра Блејк Грифин, па Двејн Кејси има проблеми на позицијата моќно крило. Шансите за плејоф не се загубени за Детроит, но мора да се победува, а тоа на клубот од „Мотор сити“ тешко му успева во последно време.

Торонто ги доби двата досегашни меѓусебни дуели со Детроит, се наоѓа во подобра форма и во моментов има и подобар ростер, доволно за да типуваме победа на гостите.

Предлог тип: 2 (1.53)

 

Хјустон рокитс – Далас маверикс (НБА, 01.30 часот)

Далас го растури Хјустон со 137:123 во првиот меч што двете екипи го одиграа сезонава, но сега ситуацијата е многу поразлична.

Лука Дончиќ е повреден и не отпатува со екипата за Хјустон, а неизвесен е и настапот на Тим Хардавеј јуниор, што е огромен хендикеп за гостите.

Двајцата заедно постигнаа 72 поени, од вкупно 137 во победата против Хјустон на претходното гостување, што дава јасна слика за каков хендикеп се работи.

Далас има солиден ростер, но ако не игра и Хардавеј ќе бидат апсолутни аутсајдери ноќеска во дербито на Западната конференција.

Џејмс Харден не игра добро во последно време, но затоа Расел Вестбрук е во топ-форма, што во вакви околности е доволно за победа на Хјустон во ефикасен меч.

Предлог тип: 1>234.5 поени (2.30)

 

Бруклин нетс – Чикаго булс (НБА, 01.30 часот)

Бруклин конечно игра во полн состав подолг период. Со првата ѕвезда во тимот Кајри Ирвинг и резултатите за Нетс се многу подобри. Силата на тимот е во бековите, а Бруклин има три извонредни предни играчи во Кајри, Спенсер Динвиди и Карис Леверт.

Чикаго најчесто се потпира на извонредниот Зак Лавињ, кој е во топ-форма, но им недостасува стартниот центар Вендел Картер. Гафорд и Корне се обидуваат да го заменат колку што можат, но не се калибар на кошаркари од високата класа во НБА лигата.

Променливо игра втората ѕвезда на тимот Лаури Марканен, па се чини дека Чикаго ќе има многу мака да избори настап во плејофот.

Бруклин го доби првиот меч сезонава против Булс и тоа на гостински терен, па и сега е фаворит за победа.

Предлог тип: 1 (1.53)

 

Њу Орлеанс пеликанс – Мемфис гризлис (НБА, 02 часот)

Мемфис е во добра позиција со 50-процентен успех и биланс од 24 победи и исто толку порази, но и со 11 победи на последните 13 меча.

Во таа низа претрпеа пораз токму од Њу Орлеанс и тоа убедлив со 126:114, во меч во кој не играше Зајон Вилијамсон, првиот пик на драфтот.

Ноќеска тој ќе игра за  популарната „Нола“, а на спротивната страна е вториот пик на драфтот Џа Морант, кој игра исто така извонредна дебитантска сезона.

Двете екипи имаат многу потенцијал и допрва од нив се очекуваат добри резултати. Иако Њу Орлеанс го доби првиот меѓусебен меч убедливо со 14 поени разлика, очекуваме неизвесен меч чиј исход тешко се прогнозира, па ќе одиграме на плус поени.

Предлог тип: > 240.5 поени (1.85)

 

Милвоки бакс – Денвер нагетс (НБА, 03 часот)

Милвоки е најдобрата екипа според бројот на победи досега, а предводени од извонредниот Јанис Адетокумбо Елените се во серија од 9 успешни настапи.

И десетката не е далеку за нив, бидејќи на гостински терен им доаѓа одлична екипа, но со многу проблеми во моментов. Никола Јокиќ игра на ниво, но остана без пола соиграчи од стартната петорка поради повреди. Пол Милсап и Џамал Мареј не играа на последните 12, односно 8 натпревари за Нагетс, ноќеска веројатно нема да играат и Херис и резервниот центар Пламли, што е премногу за да може да се нападне лидерот во НБА лигата.

Денвер успеа да го добие дербито против Јута претходната ноќ, но Бакс се малку поголем залак. Кај домаќините се разигра и Крис Мидлтон, имаат и одлична прва петорка и резерви, па ќе типуваме дека ќе го победат Денвер со предност и на полувреме.

Предлог тип: 1-1 (1.47)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести