Ејрона Сулејмани во 2016 година за време на Европското првенство, беше прогласена за најубавата навивачка во изборот на еден реномиран италијански магазин. Во тоа време Сулејмани навиваше за Швајцарија и нејзиниот тогаше маж, Блерим Џемаили.
Сулејмани и Џемаили имаат едно дете, но сега се разведени. Како една од главните причини за разводот беше тоа што Ејрона многу често на социјалните мрежи постирташе разголени фотографии, а кулминираше кога изјави дека маж и не бил многу добар во кревет.
„Секс пред меч? Фудбалерите и не се баш некои љубовници. Тие тоа сакаат да го прават сами“, беше изјавата на Ејрона поради која подоцна Блерим беше изложен на потсмев во јавноста.
Убавата Албанка открива дека е многу тешко да се биде жена на фудбалер.
„Го запознав сопругот во времето кога бев Мис на Албанија. Кога ми рече дека е фудбалер си реков „Ајде, па јас не сакам да имам врска со тебе“. Подоцна сфатив колку е тежок животот на жените на фудбалерите. Го занемаруваш својот живот за да можеш да пратиш нечиј друг. Постојано ги менувате државите, градовите, менувате работни места. Блерим е татко на моето дете и го почитувам. Сакам да има успех во животот, но едноставно веќе не го сакам“, рече Ејрона.
Убавата Албанка во изјава за италијанските медиуми откри дека во фудбалот имало многу хомосексуалци.
„Не знам зошто хомосексуалноста е проблем и во денешно време. Мислам, општо и во фудбалот. Па во фудбалот има многу хомосексуалци“, откри убавата Ејрона.