„Сантијаго Бернабеу“ молчеше за Коби (видео)

Мадридското дерби на „Сантијаго Бернабеу“ започна со едноминутен молк во чест на Коби Брајант. Трагично загинатиот легендарен кошаркар на ЛА лејкерс во неделата го напушти овој свет на 41 годишна возраст, заедно со неговата 13-годишна ќерка Џана и уште седум патници во хеликоптерот кој се урна во Калифорнија.

Речиси и да не се одржа спортски настан во изминативе неколку дена каде што не се оддаде последна чест за Коби, па така беше и во шпанската престолнина. Фудбалерите застана на центарот од теренот и заедно со уште 80.000 присутни на трибините го отпоздравија Брајант.

https://twitter.com/JudyKno43733590/status/1223622907106074625

- Оглас -

Најнови вести