Манчестер јунајтед и Вулверхемптон одиграа скромна партија фудбал на легендарниот фудбалски храм „Олд Трафорд“, а мечот заврпи без голови.
И двете екипи имаа по неколку шанси, но не успеаја да ја погодат мрежата на Руи Патрицио и на Давид Де Хеа. Најдобрата шанса во последните моменти од мечот ја имаше Дало за Манчестер јунајтед, но промаши удар со глава од пет метри.
Манчестер јунајтед е во серија од три меча без победа во Премиерлигата и падна на шестото место со 35 бода, колку што има и Вулверхемптон. Популарните волци го задржаа трендот на нерешени мечеви и имаат 11 ремија досега, најмногу во лигата по Арсенал со 12.
Во исто време од 18.30 часот во меч од Бундеслигата во ефикасен меч реми 2:2одиграа Лајпциг и Борусија Менхенгладбах. Гостите водеа со 2:0 по првото полувреме, а Лајпциг израмни со голови во продолжението, но со реми го загуби врвот на табелата.
Биковите сега се на втората позиција со 41 бод, еден помалку од новиот лидер Баерн Минхен. Борусија Менхенгладбах е на делба на третата позиција со Борусија Дортмунд, а двете екипи имаат по 39 бода.