Арсенал и Барнли без голови ги поделија бодовите во мечот од 25-тото коло во Премиер лигата. Топчиите за првпат по пет гостувања на „Турф мур“ не успеаја да го освојат целиот плен, а многу лесно можеа да го претрпат и седмиот пораз во шампионатот.
Иако немаше погодоци, двете екипи имаа бројни шанси да се радуваат на гол, меѓутоа трагичари беа Обамејанг и Родригес. Габонецот уште во 14-тата минута не искористи 100 отстотна шанса, а офанзивецот на Барнли во 80-тата минута ја погоди гредата од позиција од која е потешко да се промаши.
Родригес ја следеше нафрлената топка во казнената зона на Арсенал, но неговиот удар заврши во гредата, а потоа топката застана точно на средина на гол-линијата и се врати на теренот. Промашувањето можете да го видите на следниот ЛИНК.
Арсенал со четвртото реми во низа застана на 10-тата позиција со 31 бод, исто толку има и Барнли кој е на 11-тото место.