Првпат стартер кај Рино и веднаш ја оправда довербата!
Елиф Елмас со првиот погодок во Серија А во својата кариера учествуваше во триумфот на Наполи со 4-2 на гостувањето кај Сампдорија. Во претпоследниот дуел од 22-рото коло избраниците на Џенаро Гатузо ја остварија осмата овосезонска победа, меѓу останатите благодарение и на македонскиот репрезентативец.
Елмас потполно ја оправда довербата која му ја даде Рино со тоа што за првпат го стави во почетниот состав откако ја презеде клупата на италијанскиот вицепрвак. Постигнувајќи го првенецот во Качло лигата, им донесе двојна предност на Наполитанците во 16-тата минута од мечот, како потврда дека голот на Милик во третата минута не беше случаен.
Квалјарела ги врати домаќините во игра со фантастичниот погодок во 26-тата минута, забивајќи против својот некогашен клуб, а дури во 73-тата минута од второто полувреме Сампдорија успеа да израмни со презицно изведениот пенал на Габијадини. Елмас го напушти теренот неколку минути подоцна, а потоа гостите со погодокот на Деме направија исчекор кон трите бода, а Мертенс во последните секунди од средбата ги постави конечните 4-2.
Наполи по ова коло ќе стои на 10-тата позиција со 30 бода, Сампдорија ќе се задржи на 16-тото место со 20 бода.
https://twitter.com/GilesMorrison2/status/1224421651485470720
https://www.dailymotion.com/video/x7rgd7u
https://twitter.com/fran_navarr0/status/1224429685901287424