Сефте суспензија во Серија А поради картони

Џенаро Гатузо нема да смета на Елиф Елмас во наредното, 23-то коло од Серија А, во кое Наполи ќе го пречека тимот на Лече. Македонскиот репрезентативец ќе мора да отслужи еден натпревар суспензија откако вечерва против Сампдорија го заработи петтиот жолт картон во италијанското првенство.

Елмас во расправија со Јантко во 43-тата минута доби опомена од судијата Ла Пења, но тоа не му попречи да се радува на дебитантскиот погодок во шампионатот.

„Дијамантот“ блескаше во победата на Наполитанците од 4-2 на „Луиџи Ферарис“, воедно го запиша првенецот во Калчо лигата со својот прв старт откако Гатузо е на клупата.

Елмас вкупно на 13 првенствени меча сезонава успеа да добие пет судиски опоменувања, па следниот викенд ќе стои на трибините на „Сан Паоло“ наместо да продолжи да ја крева својата форма.

- Оглас -

Најнови вести