Навивачите на Сан Франциско се разочарани бидејќи нивниот омилен клуб успеа во последните седум и пол минути да прокоцка водство од 20:10 против Канзас во Супербол мечот, по кој беше познат новиот шампион во НФЛ. Сепак, некои навивачи на Сан Франциско жалат многу повеќе од другите.
Таков е случајот со Џим Мекингвејл, познат како Матрес Мак, кој е сопственик на синџир на мебел „Галери мебел“, загуби еден милион долари поради поразот на неговиот омилен тим Сан Франциско. Богаташот се пофали дека уплатил две ливчиња од по 500.000 долари на коефициент 2.10 во обложувалница во Лас Вегас.
Матрес Мак дури ветил дека на сите оние кои во неделата ќе купат мебел најмалку од 3.000 долари во неговите продавници, сите пари ќе им бидат вратени само ако Сан Франциско победи во Суперболот. Интересно е што Мак во текот на целиот плејоф се обложуваше против Канзас и губеше. Загуби милион во поразот на Хјустон против Канзас. На тој меч Хјустон поведе со 24:0, а потоа следуваше неверојатен пресврт и Канзас победи со 51:31. Во конференциското финале стави милион долари за победа на Тенеси, кој водеше со 10 разлика против Канзас, но на крајот загуби.
Вкупно за четири месеци Матрес Мак загуби 15 милиони долари, иако сето тоа е само еден голем маркетиншки трик за да може да привлече што е можно повеќе муштерии во своите продавници.
На овој богаташ во текот на ланската Светска серија и финалето на доигрувањето на МЛБ-лигата загуби неверојатни 12 милиони долари обложувајќи се на својот Хјустон против Вашингтон. И тогаш ветуваше големи попусти на своите потрошувачи ако победи Хјустон, но Вашингтон ја доби серијата со 4:3.