Аларм во Барселона, се скараа двајцата клучни играчи, веќе го нема ни препознатливиот ритуал

Барселона во неделата со 2:1 го победи Леванте, но многумина започнаа да шпекулираат дека ситуацијата во каталонскиот гигант не е најсјајна. Мадридскиот весник „АС“ пишува дека атмосферата во соблекувалната на Барселона не е на највисоко ниво.

Шпекулациите се дека се скарале двајцата највлијателни играчи во тимот, Лионел Меси и Жарарт Пике. Се претпоставува дека двајцата имале конфликт на тренинг и дека од тогаш воопшто не ни комуницираат. Како една од главните причини да се верува дека е така, е фактот дека на последните два меча играчите на Барселона го прескокнаа вообичаениот ритуал што го прават.

Веќе традиција е Меси и Пике да ги соберат сите фудбалери и пред мечот да одржат мотивациски говор. Сепак, такво нешто не се случи на последните два меча против Валенсија и Леванте. Тренерот на Барселона, Кике Сетјен, беше запрашан зошто веќе играчите не се собираат пред почеток на дуелот, а тој дипломатски одговори дека воопшто не знаел дека неговите играчи имале таков ритуал пред почетокот на средбите.

 

- Оглас -

Најнови вести