Сакате да работите, но досега не сте добиле вистинска можност да се докажете? Веќе нема изговори за такво нешто. Sport Life Гејминг го зголемува својот тим, а тоа е еднаква шанса за сите да бидат дел од успешна компанија.
Огласот важи за работа како Оператор во автомат-клуб во новиот објект на SL CLUB во населбата Карпош 2, во зградата на Настел. Потребно е да имате завршено средно образование, со или без работно искуство, и можете на едноставен начин да бидете дел од една од најуспешните компании во Македонија.
Работата секогаш е на првото место, но таа не е и единствено нешто што е важно во тимот на Sport Life Гејминг. Вработените добиваат и можности за континуирано надградување на образованието и развивање, не се забораваат ниту тим-билдинг активностите, ниту стандардните забави за вработените, спортски активности, како и одење на рафтинг на Тара, летање со параглајдер, заедничко трчање на Скопскиот маратон и уште многу други активности.
И мотивацијата не изостанува во тимот, а секоја добро завршена работа, дополнително се вреднува.
• Компетитивна плата со додатоци за работа на празник, прекувремена работа и додаток за лојалност кон компанијата.
• Награди и признанија на месечно ниво.
Не чекајте и не се двоумете, искористете ја можноста, пријавете се и станете дел од Sport Life тимот!