Ни треба поддршка против Естонија – Билетите се 100 денари, парите ќе одат за хумани цели

„Ни треба поддршка од публиката која е нашиот шести играч со дополнителна поддршка од трибините. Помогнете им на кошаркарите да испишат нова историја и да ѝ покажеме на Европа што знаеме и умееме“, е објавата на интернет-страницата на Кошаркарската федерација на Македонија за дуелот со Естонија што ќе се игра на 20 февруари во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Билетите ќе чинат по 100 денари, а парите ќе бидат наменети за хумани цели. Ова е еден од клучните мечеви во квалификациите за настап на Европското првенство во 2021 година.

Македонија игра во група со Естонците, потоа и со Русија и Италија. Две селекции од групата ќе играат на ЕП следната година, со тоа што работата е олеснета бидејќи Италија како домаќин ќе настапи сигурно на шампионатот, па два патници се бараат во трилингот Македонија-Русија-Естонија.

 

- Оглас -

Најнови вести