Шпанската пресметка во 23-тото коло од Евролигата меѓу Реал Мадрид и Басконија им припадна на Кралевите со минимални. Во невообичаено слабиот натпревар според реализација, екипата на Пабло Ласо ја запиша 17-тата победа иако многу лесно можеше да биде изненадена пред својата публика.
Уште од самиот почеток се виде дека дуелот ќе се одлучува во самиот финиш, па клучни поени постигна Томпкинс, додека Шенгелија се обиде со тројка во последната секунда да направи изненадување, меѓутоа неговиот шут беше неуспешен.
Токму Томпкинс со 20 поени ги предводеше Кралевите, по 10 реализираа Кампацо и Дек.
Останати резултати од 23-тото коло во Евролигата:
Жалгирис 94:69 Олимпијакос, Милано 96:102 Алба, Асвел 75:65 Баерн.