Шок за бранителот: Валенсија нема да го брани трофејот во Купот на Кралот

Гранада е првиот полуфиналист во Купот на Кралот откако вечерва го елиминира тимот на Валенсија со 2-1 во драматичната четвртфинална пресметка. Лилјаците нема да го бранат трофејот кој го освоија во ланската сезона, додека Гранада за првпат по 51 година успеа да се пласира меѓу четирите најдобри екипи во ова натпреварување.

Солдадо уште во третата минута ѝ донесе предност на Гранада, а Родриго пред паузата успеа да ги врати гостите во игра. Иако делуваше дека нема да се одреди победник по 90 минути, Гранада доби пенал во своја корист во судиското надополнување кој го реализира Солдадо за конечните 2-1.

 

- Оглас -

Најнови вести