Фудбалерот реши да проговори по обвиненијата што ги изнесе Памела Андерсон

Некогашниот француски репрезентативец Адил Рами реши да го прекине молчењето и да одговори на обвиненијата кои врз него ги „истури“ неговата поранешна девојка, славната Памела Андерсон. Овие двајца беа во врска речиси две години, а минатата година Андерсон објави дека нивната љубов завршила.

Памела го обвини Рами дека ја изневерувал со друга девојка, а потоа и дека физички ја нападнал. Сега Рами ја кажа својата страна од вистината.

„Досега молчев затоа што бев шокиран од зборовите кои слушнав дека таа ги кажала. Трпев и молчев, но веќе не можам да издржам. Вистината е дека сите обвиненија се лажни и не можам да дозволам тоа да продолжи да се шири. Тие кои ме познаваат знаат дека никогаш не би направил такво нешто. Никогаш не би си простил ако удрам жена. Тоа е навистина одвратно“, вели Рами.

Централниот бек во кариерата има играно за Лил, Валенсија, Милан, Севилја, Олимпик Марсеј, а сега го носи дресот на Фенербахче.

 

- Оглас -

Најнови вести