Одложен натпревар од Бундеслигата, виновна е Сабине!

Борусија Менхенгладбах и Келн својот дуел од германското фудбалско првенство нема да го играат денеска. Бундеслигата одлучи да го одложи мечот од безбедносни причини. Во Германија има големо невреме, ураганот Сабине напаѓа опасно, дува силен ветер со над 100 километри на час, па нема идеални услови за игра во Менхенгладбах, каде требаше да играат соседите Борусија и Келн.

Бидејќи не може да им се гарантира безбедност за гледачите и играчите, средбата е одложена, а во текот на денот треба да се одреди нов термин. Засега нема најави дека ќе се одложи и другото дерби, помеѓу Баерн и Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести