„Отро“ е платформа која им овозможува на фудбалските фанови да ги видат своите идоли во малку поинакво издание. Во кратки интервјуа се појавуваат ѕвезди како Лео Меси, Зинедин Зидан и многу други, па сега им дојде редот на Нејмар и Дејвид Бекам.
Во разговорот кој трае околу седум минути, Бекам се обиде да го наговори Нејмар да потпише за неговиот клуб Интер Мајами, кој започнува со натпреварување во претстојната сезона во МЛС лигата. Англиската легенда директно се пушти во преговори со најскапиот светски фудбалер, нудејќи му договор на 10 години, а Бразилецот пушти рака во знак дека е постигнат договор.
„Фудбалот не е меѓу топ 3 спортовите во САД, но во изминативе неколку години се забележува голем напредок. Важно е во МЛС лигата да играат врвни фудбалери, познати имиња, па затоа ќе ја искористам оваа прилика да се обидам да те ангажирам за Интер Мајами. По емисијата ќе те чека документ кој треба да го потпишеш, со договор на 10 години. Платата нема да биде висока…“, рече Бекам.
https://www.youtube.com/watch?v=D4bfd8KgPCM&feature=youtu.be