Икарди е незадржлив, Интер лесно го „среди“ Лацио

Мауро Икарди потврди дека е во извонредна форма, постигна два од трите голови на дербито во Серија А, кое го доби неговиот Интер против Лацио.

Икарди ги постигна првиот и третиот погодок, а во меѓувреме и Брозовиќ беше прецизен за убедливи 3-0 и пробив на второто место на табелата.

Мечот беше под знак прашалник и беше неизвесно дали ќе се игра поради невремето во Рим, кое очигледно повеќе им пречеше на домаќините, на играчите на Лацио.

„Лацијалите“ беа инфериорни и го доживеаја третиот едноподруго пораз од Интер во меѓусебните дуели на „Олимпико“.

- Оглас -

Најнови вести