Шумските волци нема да бидат лесен плен за Рептилите

Торонто репторс – Минесота тимбервулфс (кошарка, НБА, 01.30 часот)

Првакот е во низа од 14 победи по ред, но вечерва нема да му биде лесно бидејќи веќе ќе почне да чувствува замор, а на гости му доаѓа освежената Минесота, која по 13 порази по ред, со осум нови играчи во тимот им се врати на победите и си ја врати самодовербата. Торонто дома има серија од 15 победи по ред против Тимбервулфс, а славеше со 122-112 на 18 јануари, кога овие два тима играа во Минеаполис. Сепак, типуваме дека гостите нема да бидат победени убедливо.

Предлог тип: Х 2 9.50 (1.95)

 

Далас маверикс – Јута џез (кошарка, НБА, 02.30 часот)

Дивите телиња седми меч по ред ќе бидат без ѕвездата Лука Дончиќ, а на изминатите шест меча имаа скор 3-3. Неодамна, на 25 јануари, Јута го совлада Далас со 112-107 (играше и Дончиќ), па Џез ако слави уште еднаш, ќе има предност во однос на ривалот ако сезоната ја завршат со еднаков број победи. Во минатата сезона, Маверикс дома ја совлада Јута дури со 50 поени разлика и тоа е мотив плус за гостите.

Предлог тип: <221.5 (1.80)

 

Денвер нагетс – Сан Антонио спарс (кошарка, НБА, 03.00 часот)

Спарс има пет порази по ред на гости, а на гостувањата во Денвер загуби седум од последните осум посети во „Пепси центарот“. Сан Антонио е прилично далеку од местата кои водат во плејофот. Од друга страна, Денвер има три победи по ред, изедначен е со Клиперс и би било изненадување ако загуби. Ова е нивен прв меѓусебен дуел сезонава, лани во плејофот се играше мајсторка која ја добија Никола Јокиќ и другарите.

Предлог тип: 1 двојна (2.15)

 

Голден стејт вориорс – Мајами хит (кошарка, НБА, 04.30 часот)

Овој меч со нетрпение се очекува во Сан Франциско бидејќи очекуваат некогашниот прв пик на драфтот Ендрју Вигинс да заигра уште подобро отколку на дебито во дресот на Вориорс, кога даде 24 поени. Голден стејт е најслаб тим во лигата, нема шанса за плејоф, па сега целта им е да го вклопат Вигинс како ниско крило, па следната сезона со здрави Кари и Томпсон пак да бидат силни. Мајами има три порази по ред, нивна најцрна серија сезонава и добро би било да ја прекинат.

Предлог тип: 2 (1.47)

 

ЛА лејкерс – Феникс санс (кошарка, НБА, 04.30 часот)

Лидерот на Западот сака да победи и на позитивен начин да се подготви да замине на одмор пред олстар-паузата. Санс загуби пет од претходните шест меча. На 1 јануари Лејкерс дома го победи Феникс со 117-107 со трипл-дабл на Леброн Џејмс, а во ноември во Феникс Езерџиите победија со 123-115. Сонцата, кои се 13-ти на Западот, не победиле на гости против Лејкерс од ноември 2017. Џејмс повторно ќе треба да даде над 25 поени за триумф на домашните.

Предлог тип: Леброн Џејмс >25.5 (1.80)

- Оглас -

Најнови вести