На познатиот карневал во италијанскиот град Вијареџо, фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, беше претставен со спектакуларна маска, џиновски робот од 20 метри. Роналдо и на 35 години е незапирлив за дефанзивците во Италија, сите што ја следат Серија А му се воодушевуваат, па му посветија и маска на карневалот.
Металната фигура на Португалецот беше поздравена со аплаузи, а му ги мрдаа очите, устата, рацете и другите делови од телото.