Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан, во интервју за српски медиум рече дека е оптимист дека син му уште годинава може да ги достигне 20-те гренд-слем титули на Роџер Федерер и дека не знае зошто публиката навива против Новак. Иако следната година може да стане и рекордер по број на гренд-слем титули, а Ѓоковиќ никогаш нема да се зборува како за најдобар на сите времиња, не е популарен во светот како Федерер, па и Рафел Надал.
„Новак осумпати го освојува Отвореното првенство на Австралија, а публиката во Мелбурн е против него. Тоа е големо непочитување. Син ми не направил ништо за да го мразат“, рече Срѓан Ѓоковиќ по финалето на ОП на Австралија, во кое Новак го совлада Доминик Тим.
Публиката беше против Ѓоковиќ и во Мадрид, Лондон, Њујорк, и други градови од западниот свет.
„Тенисот е за богаташите и тие не може да сфатат дека некој од сиромашна земја веќе 10 години е најдобар на светот. Но, со навивањето против него, му даваат дополнителна сила.