Легендарниот кошаркар Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џана беа погребани на приватната гробница во Калифорнија. На последното испраќање на Коби и малата Џиџи присуствуваа само најблиските на семејството, а јавноста беше исклучена од целата церемонија. Погребот се случил во петокот.
„Ванеса и фамилијата сакаа приватен погреб и сами да тажат за загубата која ја претрпеа. Погребот беше многу болен за сите и уште никој не може да верува дека останаа без тие две прекрасни души“, вели неименуван извор за ЕТ вестите.
Коби Брајант и ќерка му Џиџи загинаа во хеликоптерската несреќа која се случи на 26 јануари во близина на Лос Анџелес. Покрај нив двајцата, во леталото имаше уште седуммина луѓе и сите загинаа.
Јавната церемонија во чест на Коби е закажана за 24 февруари во „Стејплс центарот“.