Вулверхемптон и Лестер ги поделија бодовите во мечот без голови на стартот од 26-тото коло во Премиер лигата. И во втората овосезонска пресметка на овие две екипи не се забележа ниту еден погодок, барем не регуларен бидејќи вечерва Волците останаа без победата при неверојатна офсајд позиција.
Се играше 45-тата минута кога домаќините изведуваа корнер, а при повратното додавање Жота не ја собра ногата навреме, па од ВАР-собата сугерстираа недозовлена позиција. Жота нафрли во шестнаесетникот до високиот Боли кој ја затресе мрежата на Лисиците, меѓутоа погодокот не важеше.
Лестер може да биде задоволен со ова реми ако се земе во предвид дека последните петнаесетина минути од средбата играа со играч помалку, откако Чудоури заработи црвен картон на непромислен старт врз противнички играч.
Целата ситуација можете да ја погледнете на следниот ЛИНК.