Доколку казната и суспензијата од УЕФА за Манчестер сити биде потврдена од Спортскиот арбитражен суд каде Граѓаните ќе се жалат и ќе си ги бараат своите права, тоа ќе значи дека петтото место во англиската Премиерлига ќе биде место кое ќе води во Лигата на шампионите, бидејќи Сити кој ќе биде во Топ 4, нема да има право да игра во Европа.
Оваа ситуација носи нова неизвесност и драматика во англиското првенство. Дури кај шест тима постојат или се разбудени амбициите да бидат на тоа петто место кое води во Лига Европа, но со новиот развој на настаните, може да носи и премија, место во ЛШ.
Моментно петти е Шефилд јунајтед со 39 бода, два повеќе од Тотенхем кој има и еден меч помалку. Само бод зад Тотенхем се Вулверхемптон и Евертон, а 35 и меч помалку има Манчестер јунајтед. На место во ЛШ може да се надева и Арсенал, кој има 31 бод и ист број мечеви како Тотенхем и Јунајтед, а еден помалку од Шефилд, Вулфс и Евертон.