Пред точно 20 години Винс Картер предизвика oвации во Оукленд за време на натпреварувањето во забивање на Ол-стар викендот. Тогаш како играч на Торонто репторс, Картер беше победник во силна конкуренција, сосема заслужено ја доби наградата по епското забивање по што се обеси на обрачот со лактото.
Токму тоа забивање е најдобро во историјата за легендарниот Мајкл Џордан. Летечкиот смета дека тоа што го направи Картер не може да се надмине.
„Нема сомнежи дека забивањето на Картер е најдобро во историјата. Едноставно е неверојатно како го изведе, полета, силно го заби баскетот и со лактото се обеси на обрачот“, истакна Џордан.
Ноќеска на програмата од Ол-стар викендот ќе се одржи новото издание на натпреварувањето во забивања. Учесници се Арон Гордон од Орландо, Двајт Хауард од Лејкерс, Дерик Џоунс јуниор од Мајами и Пет Конахтон од Милвоки.
[do_widget id=custom_html-5