Видра итро се снајде во опасната зона и прекина едно и полгодишен пост (видео)

Барнли со триумф од 2-1 се враќа од гостувањето кај Саутхемптон на „Сент Мери“ стадионот во мечот од 26-тото коло во Премиер лигата. Неповолните временски услови и поројниот дожд го направија мечот тежок за играње, сепак се вештините излегоа на површина, а Матеј Видра го постигна најбавиот од трите гола на средбата.

Веќе по дваесетина минути игра двете екипи се радуваа на по еден погодок, Вествуд уште во втората минута донесе предност за Барнли, која ја анулираше Ингс во 18-тата минута. Решавачкиот гол во изведба на чешкиот голгетер Видра се случи во 60-тата минута, откако Матеј одлично ја смири топката со гради, се снајде пред казнената зона и силно ја зафати топката со левата нога.

Со овој гол Видра прекина едно и полгодишен пост во Премиер лигата, последен пат се радуваше  на гол против Борнмут во септември 2018 година.

https://twitter.com/JurupebaVid1/status/1228680114013134849

- Оглас -

Најнови вести