Пандев се повреди, прашање е дали ќе може да игра против Косово!

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев одигра само 13 минути на дуелот против Болоња, кога поради повреда беше повлечен од игра. Пандев игра одлично и сезонава е прв стрелец во Џенова, но денеска мораше предвреме да го заврши мечот.

Според првичните информации, се работи за удар во коленото и не се знае колку е сериозна повредата. Овие лоши вести доаѓаат на само нешто повеќе од еден месец пред најзначајниот меч на Македонија во фудбалската историја. На 26 март во Скопје, Македонија ќе игра против Косово, во полуфиналето од плејофот за пласман на Европското првенство 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести