Венецуелскиот фудбалер Едуард Белјо откако даде гол во втората минута за водство на неговиот тим Антофагаста во чилеанското првенство, истрча кон трибините и својата девојка ја побара за жена. Таа му кажа „да“. Овој потег со аплауз го поздравија и домашните навивачи на клубот Евертон.
Белјо до крајот на првото полувреме даде уште еден гол, но паузата помеѓу двете полувремиња како да ја прекина неговата среќа. По 15-тина минути во вториот дел, тој беше повреден и мораше да излезе од игра при 2-2, а на крајot Антафагоста загуби со 2-3.
Снимките покажаа дека има мала фрактура во потколеницата и ќе мора да паузира два-три месеци, што значи дека сезоната му е завршена, бидејќи во Чиле се игра до втори декември.
Погледнете го романтичниот потег на фудбалерот:
Eduard Bello metió el 0-1 entre Everton y Antofagasta, celebró pidiendo MATRIMONIO en el estadio, hasta los hinchas de Everton lo aplaudieron! pic.twitter.com/O9LUvFoLVP
— Patricio Medina (@PatoMedinaEs) October 28, 2018