Американецот Мајк Тајсон, боксерската легенда и некогашен светски првак во тешка категорија, изјави дека е фан на Тајсон Фјури и дека в сабота ќе навива за Британецот, а не за својот сонародник Дионте Вајлдер. Вајлдер е светски првак во ВБЦ-верзијата и својот појас ќе го брани против Фјури на 22 февруари во Лас Вегас.
„Ми се допаѓаат и двајцата како борци. И двајцата дојдоа од никаде и станаа светски шампион. Треба да се има почит кон нивните успеси. И јас во минатото бев во таква положба. Во првиот меч, се надевав дека ќе победи Фјури. Секогаш навивам за него, бидејќи е крстен по мене. Но, никогаш не сум го разбирал. Го гледам како победува силни боксери и им се смееше. Тоа ме направи негов фан. Издржлив е, по нокдаун се исправи и беше подобар во последната рунда. Како Роки беше”, изјави Челичниот Мајк.