Фудбалската селекција на Македонија до 18 години го загуби првиот тест-натпревар против репрезентацијата на Босна и Херцеговина со минимални 0-1. Единствениот гол на средбата која се одигра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ го постигна Шосиќ во 18-тата минута.
Избраниците на Шкумбин Арслани покажаа добра игра, меѓутоа не ги искористија шансите. Прилика за поправање македонските таленти ќе добијат за два дена, кога е закажан вториот контролен натпревар, а ќе се игра на истиот терен во 11 часот.