Фјури веќе подготува прослава: Ќе донесам проститутки од 30 долари и многу кокаин

Иако борбата уште не е ни почната, Тајсон Фјури веќе направи план како ќе прослави по мечот против Деонтеј Вајлдер. Дуелот е закажан за 22 февруари во „Гранд гарден арената“ во Лас Вегас, а тоа ќе биде реванш за мечот кој беше во 2018 година. Првата борба меѓу овие боксери заврши нерешено и така двајцата останаа непоразени во блескавите кариери.

Сега Фјури очекува да го победи Американецот, од кого во првата борба двапати беше турнат на земја, но успеа да се исправи и да не загуби. Британецот најави контроверзен начин на прослава доколу победи.

„Постои ли нешто подобро од кокаин и проститутки? Ќе земам од тие евтините што се по 30 долари. Секогаш пред тоа си ставам инјекција пеницилин“, рече со насмевка Фјури, кој во кариерата има 29 победи, но против Вајлдер ремизираше.

 

- Оглас -

Најнови вести