Двајцата никогаш не загубиле, меѓусебниот дуел заврши нерешено, а сега за нов „икс“ има неверојатно висок коефициент

Се бројат часовите до почеток на реванш-мечот кој се чекаше повеќе од една година. Непобедливите Тајсон Фјури и Деонтеј Вајлдер повторно ќе ги вкрстат ракавиците. Дуелот е в сабота, во „Гранд гарден арената“ во Лас Вегас, а влогот е ВБЦ шампионскиот појас во тешка категорија.

Овие двајца боксери веќе имаа една незаборавна борба која беше во декември 2018 година, а на крајот резултатот беше нерешен. Со таков исход на судиите, двајцата боксери го продолжија митот на непобедливост, иако Фјури на тој меч двапати се најде на подот, но успеа да стане за чудење на Вајлдер.

Сега на ред е нова борба на која едноставно нема фаворит. Според коефициентите во Sport Life, двајцата борци за победа имаат коефициент од 1,95. Ако се знае дека двајцата боксери немаат ниту еден пораз, а првиот меѓусебен дуел заврши без победник, тогаш феноменално делува коефициентот 20 за ново реми на овие двајца боксерски гиганти.

Фјури досега во кариерата има 29 победи (20 со нокаут) и едно реми, додека билансот на Вајлдер е 42 победи (41 со нокаут) и едно реми. Британецот е толку убеден дека ќе победи, што веќе и откри на кој начин ќе прослави по саботниот меч.

 

- Оглас -

Најнови вести