Незгодата се случува во клучен период за Челзи. Н‘голо Канте ќе отсуствува околу три недели поради повреда на препоните од втор степен. Ова е голем проблем за предводникот Френк Лампард бидејќи во претстојниот период неговата екипа ќе се соочи со исклучително квалитетни екипи како Тотенхем, Баерн Минхен, Ливерпул…
Канте нема да се врати на терените пред средината на март, што значи дека автоматски отпаѓа од комбинација за градското дерби против Петлите, кое ќе се игра во сабота, како и за дуелот против Баварците во осминафиналето од ЛШ, дуел кој е закажан три дена подоцна.
Сепак, Лампард се надева дека францускиот играч за врска ќе се врати за реваншот во Минхен. Повредата ја здоби само по 10 минути од дербито меѓу Челзи и Манчестер јунајтед, во кое Ѓаволите славеа со 2-0.
Канте оваа сезона често се мачеше со повреди, испушти девет премиерлигашки дуели, додека во сите натпреварувања запиша вкупно 17 настапи.