Аталанта води со 2:0 на „Сан Сиро“ против Валенсија по првите 45 минути во воведниот меч од осминафиналето од Лигата на шампионите. За тимот од Бергамо ова е првпат да биде меѓу Топ 16 екипите во Европа, па голем дел од жителите од Бергамо не пропуштија шанса да бидат на стадионот во Милано. Аталанта како домаќин игра на „Сан Сиро“ бидејќи нивниот стадион не ги исполнува стандардите на УЕФА.
Меѓу оние кои се на стадионот е и малиот Едуардо заедно со својот татко. Едуардо денеска попладне требало да биде во училиште, но татко му имал поинаков план. Двајцата заминале кон 80-тина километри одалечениот Милано и сега се на трибините, каде што се радуваат на головите на Аталанта.
Таткото уредно напишал и оправдување до класниот наставник во училиштето во кое учи Едуардо, а како причина што синот не е на часови напишал дека се работи за културноисториски настан.
„Ве известувам дека денес попладне Едуардо нема да ја следи наставата во училиште поради културноисториски причини. Тој ќе биде сведок на историјата на Бергамо заедно со својот татко. Напред Аталанта“, стоело во оправдањето кое го напишал таткото на Едуардо.
#AtalantaValencia, ci siamo! #GoAtalantaGo pic.twitter.com/XcUFCCECdJ
— Giorgio Gori (@giorgio_gori) February 19, 2020