Милан и Барса најдобро знаат дека победа од 4-1 не е гаранција за пласман понатаму

Валенсија за првпат прими четири гола на едно гостување (дома има примано и пет) во Лигата на шампионите, беше декласирана од Аталанта со 1-4, но италијанскиот тим не смее да се релаксира и да мисли дека пласманот во четвртфиналето му е загарантиран.

Досега во историјата на ЛШ двапати биле елиминирани тимови кои првиот меч го добиле со 4-1, а и во двата случаи протагонисти беа клубови од Италија и Шпанија, како што се Аталанта и Валенсија.

Во 2004 година, Депортиво Ла Коруња со 4-0 го елиминираше Милан по пораз на „Сан Сиро“ од 1-4, а преклани победа од 4-1 на првиот дуел не им беше доволна на фудбалерите на Барселона бидејќи на реваншот во Рим загубија од Рома со 0-3. Во сите други случаи, 4-1 бил резултат кој носел понатаму.

- Оглас -

Најнови вести