Не може да бидат мирни: Фјури и Вајлдер за малку ќе се степаа на соочувањето (Видео)

Деонтеј Вајлдер и Тајсон Фјури едвај чекаат да започне борбата која е закажана за в сабота, во  „Гранд гарден арената“ во Лас Вегас, а наградата е ВБЦ шампионскиот појас во тешка категорија. Вајлдер е бранител на тронот, а Фјури се надева дека конечно ќе стигне до појасот кој за малку му избега пред малку повеќе од една година.

На соочувањето двајцата боксери долго време се гледаа очи во очи, си зборуваа многу навредливи работи, а потоа започнаа да се туркаат, па доколку обезбедувањето не реагираше брзо, малку фалеше да дојде и до физичка пресметка.

За потсетување, овие двајца боксери имаа еден дуел, и тоа во декември 2018 година, кога мечот заврши без победник. Со таквиот исход двајцата го продолжија митот на непобедливост.

Фјури досега во кариерата има 29 победи (20 со нокаут) и едно реми, додека билансот на Вајлдер е 42 победи (41 со нокаут) и едно реми. Британецот е толку убеден дека ќе победи, што веќе и откри на кој начин ќе прослави по саботниот меч.

 

- Оглас -

Најнови вести