Естонија води против Македонија со 45-23 по првото полувреме од првото коло во квалификациите за Евробаскетот 2021 и ова е резултат кој никој не го очекуваше. На нашите најдобри кошаркари ништо не им оди од рака, декласирани се во секој поглед и ни се заканува историски дебакл и срам.
Најубедливиот пораз на домашен терен го имаме претрпено од Велика Британија во Кавадарци, кога селектор беше Драган Раца со 27 поени разлика. Ако момците на Александар Тодоров не се разбудат во вториот дел, ќе го доживееме најголемиот домашен пораз и тоа од една, во европски рамки, просечна селекција.