Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го „малтретираше“ тренерот Горан Иванишевиќ додека спиеше за време на летот од Белград до Дубаи со цел да не му биде здодевно. Со маски на лицето како заштита од коронавирусот не им беше проблем да најдат начин како да се забавуваат и да ја убијат здодевноста.
Иванишевиќ објави што му правел Ѓоковиќ, „обвини“ за мобинг и најави реванш, а од своите следбеници побара предлози на каков начин да му врати и како да го намести Новак.