Навивачите глумеа дека се тепаат, а кога дојде полицаецот му подарија торта за роденден (Видео)

Дуелот од третата турска лига меѓу Афионспор и Коњаспор 1922, ќе биде запамтена по еден уникатен настан. На полувремето од мечот, се случи мешаница на трибината каде што беа домашните навивачи. Делуваше како да има тепачка во која учествуваат 10-тина навивачи, па мораше да реагира полицијата.

Во такви ситуации, прв настапува локалниот полицаец Енгин Чакин, кој е доборо познат и меѓу домашните фанови. Полицаецот тргнал да ја смирува ситуацијата, кога наеднаш сите навивачи се смириле, а пред Чакин се појавила торта со свеќички. Навивачите наеднаш започнале да пејат „Среќен роденден“ на полицаецот.

Навивачите претхоно дознале дека полицаецот кој е редовен на нивната трибина дека тој ден славел роденден и решиле да го изненадат, па му купиле торта и решиле да му дадат да дува свеќички. Полицаецот останал изненадел од потегот на фановите.

„Кога има неред, немаш избор, мора да се јавиш на интервенција. Не ми беше лесно, но кога видов за што се работи, останав изненаден. Горд сум на мојот однос со навивачите и затоа им благодарам од срце“, рече славенкот Чакин.

Во духот на славеничката атмосфера, домашниот тим на крајот победи со 4:0 за комплетна радост.

https://twitter.com/i/status/1230440144349560832

Викендов во Турција ќе се игра големото дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај, каде сигурно нема да има толку пријателски однос меѓу навивачите и полицијата.

 

- Оглас -

Најнови вести