Деонте Вајлдер против Тајсон Фјури, втор дел, за да се види кој боксер е подобар. Двајцата боксери во кариерата никогаш не ја почувствувале горчината на поразот, а првиот меѓусебен дуел пред нешто повеќе од една година, заврши без победник.
Доцна вечерва, односно во недела рано наутро по македонско време, Вајлдер и Фјури ќе боксуваат во „Гранд гарден арената“ во Лас Вегас, а наградата е ВБЦ шампионскиот појас во тешка категорија. Вајлдер е бранител на тронот, а Фјури се надева дека конечно ќе стигне до појасот.
На официјалното мерење на тежината на двајцата боксери, Фјури се покажа дека е речиси 20 килограми потежок. Популарниот Цигански крал е тежок 123,8 килограми, додека актуелниот шампион е тежок 104,8 килограми. Интересно е што двајцата се потешки од тоа што беа на мерењето пред првиот меч. Фјури е потежок за повеќе од седум килограми, а Вајлдер има додадено плус осум килограми.
The weights are in for #WilderFury2! ⚖️@BronzeBomber: 231 lbs@Tyson_Fury: 273 lbs
Only one thing left to do. BUY the PPV: https://t.co/auWEj0uOn9 pic.twitter.com/GC2DUb94Op
— FOX Sports: PBC (@PBConFOX) February 21, 2020