За поразот од Барселона на домашен терен виновни им се судиите

Грчката полиција потврди физички напад врз кошаркарските арбитри Луиџи Ламоника, Дамир Јавор и Еми Мулоч, по вчерашниот дуел меѓу Панатинаикос и Барселона кој се одигра во рамки од 25-тото коло во Евролигата. Гигантот од Атина го загуби тој меч со 81:92, по мечот арбитрите со такси се враќале од салата до хотелот во кој престојувале.

Непознати сторилети, наводно гневни навивачи на домашниот состав го застанале возилото, успеале да отворат една од вратите и прв на пик им бил реномираниот судија Ламоника, кој се здобил со телесни повреди. Италијанскиот судија потоа бил пренесен во болница. Полицијата покрена случај, додека судиите потоа ги вратиле во хотелот и ноќта ја поминале со обезбедување.

Познато е дека навивачите на на ПАО, а и самата управа долго време води „бојна“ со евролигашките судии, па најверојатно непријателскиот пристап кон нив е мотив за овој напад.

 

- Оглас -

Најнови вести