Дел од симпатизерите на Бари ја нападнаа ривалската група со симпатизери на Лече кои патуваа кон Рим на мечот против Рома и им запалија еден од автобусите во конвојот.
Инцидентот се случил во Черињола на патот на фановите на Лече кон главниот град, а според информациите од Италија нема сериозно повредени.
Бари и Лече се големи ривали, па честопати симпатизерите на двата клуба предизвикуваат инциденти.
Мечот меѓу Рома и Лече е само еден од двата што ќе се играат денеска во Серија А, а сите останати се одложени поради страв од коронавирусот.
Дуелот е закажан за во 18 часот.