Деонтеј Вајлдер беше бесен на своите тренери, откако тие ја прекинаа борбата за светската титула со Тајсон Фјури, фрлајќи пешкир во рингот во седмата рунда.
Вајдер бил збунет поради прекинот и барал објаснување од судијата во рингот зошто е завршена битката со Фјури. Откако разбра дека неговите тренери били виновниците за прекинот почнал бесно да им довикнува.
„Зошто го сторивте тоа?“. Фјури беше апсолутно доминантен на рингот во Лас Вегас и неколкупати го праќаше непоразениот шампион на подот, па неизбежен беше првиот пораз на Вајлдер и преселба на шампионскиот појас кај големиот ривал.
„Не знам зошто моите тренери го фрлија пешкирот во рингот. Бев подготвен да се борам докрај. Немам никакви примедби на исходот на мечот, бидејќи победи подобриот боксер. Имав проблеми пред мечот, а Фјури си ја искористи шансата“, изјави Вајлдер.