Лејкерси го добија драматичното дерби на најтрофејните (видео)

ЛА лејкерс успеа да му се реваншира на вечниот ривал Бостон за тешкиот пораз во првата овосезонска пресметка, Езерџиите го одбранија домашниот терен со минимални 114:112. Драматичното дерби на најтрофејните екипи во НБА-лигата се одигра во полн сјај, присутните во „Стејплс центарот“ уживаа во вистински спектакл.

Езерџиите тргнаа офанзивно и со +9 ја добија првата четвртина, но следните 12 минути му припаднаа на Тејтум, кој реализира 18 поени од вкупно 35 на Бостон. Целосен егал се играше цело второ полувреме, ниту една екипа не успеа да поведе со повеќе од 4 поени, што беше јасно дека ќе се гледа неизвесна завршница.

Во последните неколку минути судиите го пролонгираа мечот при проверка на неколку спорни ситуации, а една од најнеизвесните беше токму на 37 секунди до крајот. Леброн го утна второто слободно фрлање при 110:109 водство на Бостон, па во скокот за посед се бореа Браун и Дејвис, пред да оди во аут. Останаа Лејкерси во посед, Џејмс го сврте резултатот, а гостите направија кардинална грешка и ја загубија топката на 15 секунди.

Келтите имаа помалку од 10 секунди за напад и да се обидат да изнудат евентуално продолжение преку тројка, но Тејтум утна, но и не ја исфрли топката навреме, а и направи фаул во напад.

Мајсторска партија одигра Џејсон Тејтум, но и со 41 поен не успеа да му помогне на својот тим. За домаќините најефикасен беше Ентони Дејвис со 32 поени и 13 скока, Џејмс застана на 28 поени, а беше близу до трипл-дабл со 9 асистенции и 8 скока.

- Оглас -

Најнови вести