Лионел Меси приреди свое претпознатливо шоу во саботата, во дуелот против Ејбар, кој Барселона го доби со убедливи 5-0. Капитенот на Каталонците реализира четири од вкупно петте гола, а хет-трикот го оствари уште во првото полувреме.
За Меси тоа беше втор најбрз хет-трик во кариерата, го запиша од 14-тата до 40-тата минута и прекина пост од 398 минути без погодок во Ла Лига. Како што е традиција, Лео си ја зеде за дома топката со која го уништи Ејбар, а гостите по мечот преку твитер-профилот максимално искажаа почит кон аргентинскиот виртуоз.
„Поради тебе патиме, се обидовме да те спречиме, но ни остана да станеме и да ти аплаудираме“, пишува во посветата наменета за Меси.
https://twitter.com/SDEibar/status/1231270389030039553