Можно е да се одложи целото коло во Серија А, а што ќе се случи со дербито?

Коронавирусот брзо се шири низ Италија и веќе во неколку региони се потврдени заболени лица од смртоносната епидемија. Токму поради вирусот, изминатиов викенд беа одложени неколку натпревари од Калчо лигата, но и пониските лиги се соочија со истата судбина, а сега италијанскиот премиер Џузепе Конте посочи дека се разгледува опцијата за наредниот викенд воопшто да не се игра фудбал.

„Наскоро ќе процениме дали ќе треба да се одложи целото коло во Серија А и сите останати лиги во земјата.  Не можеме да го спречиме ширењето на вирусот само за неколку дена. Бурно ја следиме целата ситуација и наскоро ќе донесеме одлука“, истакна премиерот Конте.

Секако дека здравјето на луѓето е поважно, но фудбалските фанови ќе се разочараат доколку не се одигра најголемото италијанско дерби меѓу Јувентус и Интер според првичниот закажан датум на 1 март. Сепак, двата гиганти имаат густ распоред во овој период од сезоната и засега не може да се најде алтернативен датум за да се презакаже дербито.

Една од опциите е дербито да се одигра пред празни трибини, но така битката меѓу ривалите за титулата во Калчо лигата ќе го загуби сјајот без навивачи, а воедно Старата дама ќе остане без евентуални пет милиони евра заработка од продажба на билети.

 

- Оглас -

Најнови вести