И во жалост се мислеше на ќар – Маиците од комеморацијата со ликот на Коби и Џиџи се продаваа за 800 долари

Вчера во „Стејплс центарот“ се славеа ликот и делото на Коби Брајант, а во чест на прерано загинатата кошаркарска ѕвезда во домот на неговиот Лос Анџелес лејкерс беа присутни многу познати личности од разни области.

Со платената влезница за комеморацијата во чест на Брајант се добиваше и маица со неговиот и ликот на неговата ќерка Џиџи Брајант, која исто така прерано го заврши животот во кобниот лет со хеликоптерот на 26 јануари.

И веднаш по завршувањето на вечерта посветена на Коби и неговата ќерка, почна и продажбата на маиците, и тоа по цена од 800 долари.

Тоа наиде на остри критики на социјалните мрежи, но маиците се нудеа и се продаваа без застој.

 

- Оглас -

Најнови вести